Турски „Суташ“ наесен почнува со производство

Bez autora
Jun 10 2012

Турската компанија „Суташ“ ги заврши формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи „Сведмилк“ во Скопје. Производството се очекува да почне наесен. Со новините кои ќе ги воведе „Суташ“ ќе го зголемиме производството и ќе ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот. Oсвен капацитетите во Скопје, нивниот бренд и производи ќе ги пласираат и во другите балканските земји, Албанија и Косово, како и на пазарите во Европа. Новите инвестиции ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко од 70 милиони литри годишно на 175 милиони. Mоже да се развие толкав капацитет на производство на млеко во Македонија ќе соработуваат со универзитети, производителите, со другите соработници од секторот, како и со Владата на Македонија.

Турски „Суташ“ наесен почнува со производствоТурската компанија „Суташ“ ги заврши формалностите за преземање на фабриката за млеко и млечни производи „Сведмилк“ во Скопје. Производството се очекува да почне наесен.

„Со новините кои ќе ги воведе ’Суташ‘ ќе го зголемиме производството и ќе ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот“, најави Мухарем Јилмаз, претседателот на Групацијата „Суташ“.

Тој вели дека освен капацитетите во Скопје, нивниот бренд и производи ќе ги пласираат и во другите балканските земји, Албанија и Косово, како и на пазарите во Европа. Новите инвестиции ќе го зголемат капацитетот на преработка на млеко од 70 милиони литри годишно на 175 милиони. Според Јилмаз, за да може да се развие толкав капацитет на производство на млеко во Македонија ќе соработуваат со универзитети, производителите, со другите соработници од секторот, како и со Владата на Македонија.

Тој најави дека за една година бројот на вработувања во фабриката во земјава ќе изнесува над 100, а кога ќе завршат инвестициите очекуваат тој број да достигне 250. Мухарем Јилмаз најави дека во Македонија ќе го применат интегралниот работен модел „Од трева до софра“, кој претставува гаранција за природноста и квалитетот на производите и нагласи дека по изградбата на фабриките за млечни производи инвестициите ќе ги продолжат со изградба на фарми за млечно сточарство, фабрика за сточна храна и фабрики за рециклажа и за производство на енергија.

Брендот „Суташ“ е лидер за млеко и млечни производи во Турција, со промет од приближно 650 милиони евра во 2011 година и се наоѓа на 59. место во рамките на првите 500 производни фирми на Турција. „Суташ“ кој се концентрира во секторот за млеко и млечни производи нуди 69 вида на производи во 6 категории.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik